Достапни линкови

Обама со критика до Израел


Американскиот претседател Барак Обама во својот говор во Џакарта, ги критикуваше плановите на Израел за изградба на 1300 домови за еврејски семејства во источниот дел на Ерусалим. Тој вели дека израелските планови не се „корисни“ за заживување на замрзнатите преговори со Палестинците. Палестинците го обвинија Израел дека со изградбата на спорната населба ги саботира мировните преговори. Обединетите Нации, Европската Унија и Русија изразија загриженост поради изралеските планови за изградба на еврејска населба во Ерусалим.
XS
SM
MD
LG