Достапни линкови

logo-print

Авганистан „несигурно новинарство“


Шефот на бирото на РФЕРЛ во Кабул Mohammad Amin Mudaqiq на промоција на „Радио за Авганистанкиот народ“ во бегалски камп во Кабул во Септември 2010

Шефот на бирото на РФЕРЛ во Кабул Mohammad Amin Mudaqiq на промоција на „Радио за Авганистанкиот народ“ во бегалски камп во Кабул во Септември 2010

Ситуацијата во Авганистан и онака е премногу лоша, но неточното информирање уште толку ја влошува состојбата. Главниот проблем е во тоа што различни интересни групи со различни цели им даваат на западните новинари многу неточни или половични и непотврдени информации што одат во насока на нивната агенда. Во таква ситуација, мал е бројот на новинари што успеваат да ја извлечат вистината.

Западната јавност често добива неточни, непроверени, нејасни и тенденциозни вести од Авганистан.
Една од централните теми од Авганистан во последно време се преговорите за помирување меѓу авганистанските власти и талибанците. Западните медиуми јавуваат дека има напредок во преговорите со талибанците, како и дека дел од талибанските команданти слободно се шетаат низ Кабул.

Од друга страна, поранешни талибански функционери велат дека мирот е далеку.
Тие посочуваат дека со формирањето на Високиот мировен совет, талибанците знаат со кого од авганистанските власти да разговараат за помирување. Но посочуваат дека за да се стигне до договор, улога треба да одиграат уште низа фактори – внатрешни, меѓународни и регионални.

Долгогодишниот пакистански новинар и публицист Ахмед Рашид вели дека западните медиуми често преувеличуваат и генерално не ја разбираат реалноста и лoкалната динамика во Авганистан.

„Јас мислам дека шпекулациите што се појавуваат во американските медиуми, или информациите што протекле од властите кои имаат различни погледи со различни позиици во разговорите, може да биде многу опасно.“
Јас мислам дека шпекулаците во американските медиуми или информациите што протекле од властите кои имаат различни погледи и позиции може да биде многу
опасно.

Домашните медиуми и меѓународните медиуми што емитуваат програма во Авганистан често го зголемуваат ефектот на приказните од западните медиуми со тоа што ги преведуваат на авганистанските локални јазици и ги прават достапни за голем број луѓе. Понекогаш, поради поголем сензационализам дури се преувеличува и оригиналната верзија на текстот, што создава несигурност и вознемиреност меѓу Авганистанците.

Прес конференција на Изборната Комисја во Кабул - 16, Септември

Дописничката на Њујорк Тајмс од Авганистан Елизабет Рубин вели дека повеќето странски новинари не ги зборуваат авганистанските јазици и малку ја познаваат локалната култура. Ова, вели таа, ја попречува независната проценка. Странските новинари, вели таа, се потпираат на локалните преведувачи кои може да бидат пристрасни или пак да не знаат многу што навистина се случува во земјата.

Авганистанските новинари во Кабул, пак велат дека дописниците на западните медиуми и нивните уредници речиси секогаш ги „купуваат“ приказните за талибанците и Ал Каеда. Но таквите приказни често се потпираат на несигурни информации и создаваат конфузија за бунтовниците, наместо да ги расчистат нејаснотиите.

Џон Ли Андерсон, новинар во „Њујоркер Магазин“ известува од воените зони во последните три децении. Тој вели дека најголемиот проблем на западните новинари е да продрат до Авганистанците.

Андерсон вели дека западната публика добива искривена визија за реалноста во Авганистан, зашто западните новинари премногу се потпираат на едната страна при добивањето информации.

За време на советската окупација во доцните 80-ти години на минатиот век тој известувал од првите борбени позиции. Овој пат, две недели бил со американските војници во Кандахар. Вели дека искуството било нереално зашто бил спречен нормално да комуницира со локалните Авганистанци.

„На многу начини се чувствував како да сум бил на вселенски брод наречен „Бетлшип Америка“, кој некако за краткo време, од месечината слетал во јужниот дел на Авганистан. Па имате неверојатен сооднос на екстремно високо развиена воена технологија и воена опрема сместена среде земјоделска земја во која расте афион, каде што луѓето живеат во куќи од кал, жените се со превез, а мажите носат турбани. Тоа e неверојатно.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG