Достапни линкови

Со секири и ножеви присилувале луѓе да гласаат во Јордан


Полицијата во Јордан соопшти дека денеска се уапсени 36 луѓе поради предизвикување на вооружени инциденти и саботирање на парламентарните избори кои се одржуваат во земјата. Според полицискиот извештај, 30 луѓе пред избирачкото место во Мадаби со секири и ножеви се обидувале да ги присилат гласачите да гласаат за нивниот кандидат. Останатите се уапсени поради предизвикување на изборни инциденти и обиди да гласаат неколку пати со фалсификувани документи. При инцидентите се повредени две лица.
XS
SM
MD
LG