Достапни линкови

Ештон побара Израел да се откаже од плановите за еврејската населба


Шефот на дипломатија на Европската Унија, Кетрин Ештон денеска побара од Израел да се откаже од плановите за изградба на нова еврејска населба во Источниот дел на Ерусалим. Ештон изјави дека изреалските планови да изградат 1 300 домови за Евреите им штети на меѓународните напори за рестартирање на преговорите меѓу Изрелеците и Палестинците. Израел вчера повторно ги објави своите планови со кои предизвика жестока реакција од Палестинците кои го обвинија израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху дека ги саботира преговорите. Обединетите Нации и Соединетите Американски Држави изразија загриженост поради изреалескиот проект.
XS
SM
MD
LG