Достапни линкови

logo-print

„Пинкизација“ на ТВ Алфа?


Српската Пинк на македонскиот медиумски простор

Српската Пинк на македонскиот медиумски простор

Бизнис или политички интереси? Што е причината за купувањето на ТВ Алфа од страна на српската телевизија Пинк. Експертите очекуваат пад на квалитетот на информирањето.

Купувањето на АЛФА телевизија од страна на српската Пинк повторно го актуелизира прашањето за политизацијата на медиумскиот простор и слободата на говорот во Македонија.
Во јавноста се шпекулира дека директорот на Пинк, Жељко Митровиќ е близок пријател на првиот човек на УБК, Сашо Мијалков. Овие информации не сакаше да ги коментира главниот и одговорен уредник на АЛФА, Ацо Кабранов. Не знам ништо за тоа, само кусо изјави и најави дека од петок телевизијата ќе почне да емитува нова програмска шема.
Ако ПИНК ја претвори Алфа ТВ во негова филијала, голем дел од сегашниот информативен сектор таму претпоставувам дека ќе биде оставен без работа, или ќе му бидат намалени работните обврски.


„Ако Пинк ја претвори Алфа ТВ во негова филијала, голем дел од сегашниот информативен сектор таму претпоставувам дека ќе биде оставен без работа, или ќе му бидат намалени работните обврски“, вели Роберто Беличанец од Асоцијацијата за развој на медиуми.

Зошто Алфа, која важи за опозициска телевизија оти често ги критикува постапките на актуелната власт замолчува? Дали во позадината на продавањето на овој медиум преовладуваат политичките, а не бизнис интереси?
Еве го размислувањето на комуникологот Петар Арсовски:

Логото на ТВ Алфа

„За да имате една телевизија само за да терате политика, тоа е многу скап спорт. Така што не гледам зошто владата би купувала телевизија кога може со реклами да ја купи било која телевизија со многу помалку пари, отколку да држи вработени луѓе.“
Губењето не само на Алфа ТВ туку на било која информативна програма според мене е и назадување, односно пад на квалитетот на информирањето во Македонија што е
жално.

Она на што особено треба да се обрне внимание е квалитетот на новиот програмски формат, предупредува генералниот секретар на здружението на новинари, Газменд Ајдини.

„Губењето не само на Алфа ТВ туку на било која информативна програма според мене е и назадување, односно пад на квалитетот на информирањето во Македонија што е жално, дефинитивно особено од аспект на слободата на информирање и слободата на говорот.“

Европската комисија неколку пати досега јавно укажа на загрозената слобода на говор и политичкото влијание врз македонските медиуми. Во таа насока говори и последниот извештај на Репортери без граници кадешто беше посочено дека земјава покажува пад од 34 на 68 место според слободата на печатот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG