Достапни линкови

logo-print

Барак Обама се „врати дома“ во Индонезија


Американскиот Претседател Барак Обама пристигна во Индонезија каде во најголемата муслиманска земја ќе се обиде да ги подобри односите со исламскиот свет.
На неговата посета на Индонезија се гледа и како на враќање дома затоа што Обама како дете живеел 4 години во таа земја.
За време на својата посета, Обама ќе побара да се зголемат безбедносните и трговските врски меѓу двете земји .
Индонезија е важна дестинација за Обама од стратегиски причини, затоа што нејзиното значење како сојузник на САД е во пораст.
XS
SM
MD
LG