Достапни линкови

logo-print

Абдула Ѓул - Некои европски лидери се кратковиди


Европската унија има потреба од Турција како нејзин член, изјави синоќа во Лондон турскиот претседател Абдула Ѓул.
Според Ѓул, стратегиски интерес на ЕУ е да ја има Турција за членка, бидејќи меѓународниот баланс на силите има тенденција да се движи кон Исток“.
Турскиот претседател обвини „некои европски лидери“ за кратковидост и за неможност да ја согледаат иднината за дваесет, педесет или повеке години. Тоа, според Ѓул, ја урива амбицијата на ЕУ да биде глобален играч, подготвен да ја преземе одговорноста во безбедносните и политичките прашања.
Турција официјално ги започнаа преговорите за полноправно членство во ЕУ во 2005 година. Како главен проблем од Брисел се споменуваат одбивањето на Турција да го признае Кипар, земја-членка на ЕУ, како и курдското прашање и положбата на малцинствата во земјата.
XS
SM
MD
LG