Достапни линкови

Дејвид Камерон во „трговска мисија“ во Кина


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска пристигна во Кина во дводневна посета. Целта на посетата е да ги зајакне трговските врски со втората најголема економија во светот. Во текот на денот Камерон ќе се сретне со кинескиот премиерот Вен Џиабао. Заедно со Камерон се и 50 врвни бизнисмени кои треба да склучат профитабилни зделки на ова патување, па затоа на оваа мисијата се гледа како на важно трговско патување. Британскиот премиер има намера да ја удвои билатералната трговија со Кина на повеќе од 100 милијарди долари годишно до 2015 година.
XS
SM
MD
LG