Достапни линкови

МААЕ: Нема потврда дека нуклеарната програма на Иран е мировна


Неможе да се потврди дека сите аспекти на нуклерната програма на Иран се за мирољубиви цели, изјави во седиштето на ОН шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукијо Амано. Тој изјави дека Иран не соработувал со нив, со што и се оневозможило на агенцијата да утврди за што земјата ја користи својата нуклеарна програма. Во својот прв годишен извештај откако е на чело на МААЕ, Амано изрази и загриженост за тоа што Северна Кореја одбива да ги прими инспекторите за нукларна енергија во земјата.
XS
SM
MD
LG