Достапни линкови

Израел продолжува со изградбата на спорните населби


Израелската влада планира да изгради околу 1.300 станови во источен Ерусалим, соопштуваат од тамошното министерство за внатрешни работи. Од таму велат дека плановите за изградба на тие станови се одобрени уште пред 6 месеци. На ова соопштение остро реагираа Соединетите држави. Соопштението доаѓа за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху на САД. Тој имаше средба со американскиот потпретседател Џозеф Бајден. Вашингтон прави напори да ги врати на преговарачка маса Израелците и Палестинците и врши притисок врз еврејската држава да престанат со изградба на спорните градби на Западниот брег во источен Ерусалим.
XS
SM
MD
LG