Достапни линкови

САД забрани авионски пратки и од Сомалија


Американските официјални лица ја проширија забраната на авионски пратки. Освен од Јемен, отсега има забрана и за пратките од Сомалија. Секретарот за внатрешна безбедност Џенет Наполитано изјави дека стоката со висок ризик нема да биде транспортирана со патнички авиони. Забраната уследи по неодамнешните обиди „сомнителни пратки“ од Јемен да се достават до еврејските организации во Европа и САД.
XS
SM
MD
LG