Достапни линкови

Ѓул: Турција е против ракетниот штит на НАТО


Проектот на НАТО за поставување ракетен штит во Европа ќе биде неприфатлив за Турција, изјави претседателот Абдулах Ѓул. НАТО и САД сакаат да изградат ракетен штит, кој ќе ја штити Европа од зголемената, според нив, закана од ракети со мал и среден дострел, кои можат да бидат истрелани од Блискиот Исток, поточно од Иран. За Ѓул посочувањето на определена држава, во случајот Иран, е погрешно, затоа што не треба определена земја да се претвара во мета.
XS
SM
MD
LG