Достапни линкови

Во Ватикан собир за сексуалното малтретирање


Поглаварот на римокатоличката црква Бенедикт Шеснаесети ги повика кардиналите од целиот свет следната недела во Рим да учествуваат на собирот на кој ќе се разговара за скандалот со сексуалното малтретирање , но и за други прашања кои ја погодија црквата. Низ целиот свет во последните неколку месеци беа обелоденети скандалите за сексуално малтеретирање на деца од страна на бискупите. Ватикан со децении не реагираше на тој проблем. Собирот ќе се одржи на 19 ноември, еден ден пред папата да постави 24 нови кардинали.
XS
SM
MD
LG