Достапни линкови

logo-print

Бил Клинтон ќе ја претставува кандидатурата на САД за СП во 2022 година


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ќе ја предводи делегацијата која ќе ја претставува кандидатурата на САД за организација на Светското првенство во фудбал во 2022 година. За организација на овој настан пријавени се Катар, Австралија, САД, Јапонија и Јужна Кореја. Своите кандидатури делегациите ќе им ги претстават на членовите на Извршниот комитет на Меѓународната фудбалска федерација на 1 декември. Одлуката за организаторите на светските првенства во 2018 и 2022 година, ФИФА ќе ја донесе нарениот ден со тајно гласање на членовите на комитетот.
XS
SM
MD
LG