Достапни линкови

ОБСЕ ги осуди нападите врз руските новинари


Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ денеска го осуди нападот на руските новинари и побара од руските власти да дејствуваат брзо. Потпаролката на Европската Комисија, Пиа Ахренкилд изјави дека ЕУ е загрижена поради бруталните напади и оцени дека таквите напади претставуваат обид да се замолчат медиумите во Русија.
По вториот напад, руските новинари го зголемија притисокот врз претседателот Дмитриј Медведев за расветлување на случајот со новинарите Олег Кашин и Анатолиј Анамцук , кои во поселдниве два дена беа претепани. Во отворено писмо на насловната страница во весникот „Комерсант“, новинарите бараат подобра заштита, при што се наведува дека само во оваа година во Русија се убиени 8-мина новинари.
XS
SM
MD
LG