Достапни линкови

Турција и Јужна Кореја не се договорија за атомската централа


Турција и Јужна Кореја не успеаја да се договорат за изградба на атомска централа во северниот турски округ Синоп. Ова го изјави турскиот министер за енергетика Танер Јилдаз, денеска по разговорите со јужнокорејскиот министер за иновативна економија Чуе Кон-Хуан. Јилдаз додаде дека најверојатно сите спорни прашања ќе бидат прецизирани при посетата на премиерот Реџеп Таип Ердоган во Сеул на средбата на врвот на Г-20. Преговорите за атомската централа се водат веќе осум месеци, а во последните три седмици работни групи од двете земји се сретнале над 20 пати.
XS
SM
MD
LG