Достапни линкови

logo-print

Нов напад во Загреб мотивиран од хомофобија


Хрватската полиција соопшти дека непознати напаѓачи во центарот на Загреб претепале 44 годишен маж, поради неговата сексуална ориентација. Претепаниот маж е пренесен во болница каде што му се утврдени тешки телесни повреди, се вели во полицискиот извештај. Претходно слична судбина доживееа и две момчиња кои пред неколку дена беа од истите причини истепани во Загреб. Министерот за внатрешни работи, Томислав Карамарко го осуди нападот и истакна дека приведувањето на двајцата напаѓачи ќе покаже дека полицијата има нулта толеранција кон злостортвата потикнати од хомофобија.
XS
SM
MD
LG