Достапни линкови

Романија и Бугарија сакаат да бидат дел од Шенген зоната


Романскиот премиер, Емил Бок и неговиот бугарски колега Бојко Борисов на денешната средба во Букурешт побараа од нивните европски партнери да им помогнат на двете земји да влезат во Шенген зоната до следната пролет. Во соопштението од Кабинетот на романскиот премиер е наведено дека претставници на Романија и Бугарија во март идната година ќе им испратат „силна порака за солидарност и соработка во намерата на двете земји за пристапување во Шенген зоната на пролет“. Романија и Бугарија ќе го отфрлат секое дополнително условување кое нема врска со специфичните технички барања, за пристапување кон Шенген зоната, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG