Достапни линкови

Гасификација на Куманово


На 11 ноември во Куманово ќе биде пуштена гасоводната мрежа

На 11 ноември во Куманово ќе биде пуштена гасоводната мрежа

Куманово е првиот град во државата со гасоводна мрежа. Очекувањата се дека во наредните две години, градот целосно да биде гасифициран.

Овогодишниот празник, Денот на ослободувањето на Куманово, 11 Ноември, во историските анали ќе биде запишан како прв град во државава во кој ќе протече природниот гас за затоплување и употреба во домаќинствата. Првиот потрошувач на овој природен реагенс е Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Според програмата на претпријатието до крајот на годината ќе се приклучат сите поголеми потрошувачи што ги исполнуваат условите и ги прилагодиле своите системи за затоплување на гас.


„Според програмата на претпријатието, до крајот на годината ќе се приклучат сите поголеми потрошувачи што ги исполнуваат условите и ги прилагодиле своите системи за затоплување на гас, а тоа се градинката „Синоличка“, Општината и јавните претпријатија „Чистота и Зеленило“ и „Водовод“. Од идната година се очекува масовна гасификација, како на фирмите, така и на домаќинствата“, вели Момчило Мирчевски, директор на локалното јавно претпријатие „Куманово гас“.

Екипите на А.Д. „Гама“ од Скопје и ФЗЦ „11 Октомври“од Куманово, претходно ја поставија мерната регулаторна станица и го направија приклучувањето на преносниот систем. Според Мирчевски, се очекува во наредните две години, градот целосно да биде гасифициран, на што изминатите четири години интензивно се работеше на 10 километарскиот цевковод во централното градско подрачје. За таа намена локалната самоуправа издвои околу десет милиони евра, од кои до сега се потрошени околу четири милиони евра за 30 отсто од вкупниот проект.

Куманово

Семејствата кои сакаат да се приклучат на гасоводната мрежа, според Олгица Димитријевска од „Куманово гас“, за приклучок ќе треба да плаќаат по 800 до 1000 евра, зависно од големината на станбениот објект. Цената е усогласена по урнекот на цената во соседните земји.
Секако, Куманово ќе биде прв град и прва општина во дражавава која ќе ги почувствува благодетите на гасот и функционални и финансиски.

„Потоа корисниците на гасот ќе плаќаат според потрошеното, барем засега така се планира“, вели Димитријевска.

Таа објаснува дека оние што досега користеле парно греење за затоплување ќе треба да направат преадаптација.

„Оние што имале парно греење ќе треба да ги преадаптираат котлите или пак да си набават нови.“

РСЕ: Верувате ли дека Куманово ќе биде прва општина во државава која ќе се гасифицира?

„Секако, Куманово ќе биде прв град и прва општина во дражавава која ќе ги почувствува благодетите на гасот и функционални и финансиски“, вели Димитријевска.

Кумановци, пак, за почеток само „најхрабрите“ или најимотните планираат меѓу првите да се приклучат на гасоводната мрежа. Оние другите ќе чекаат попогодни моменти.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG