Достапни линкови

Радикален свештеник од Јемен повикува на масовни убиства на Американци


Јеменскиот радикален свештеник, Анвар ал Авлаќи повика на убивање на Американци без колебање. Според американската група за мониторинг „СИТЕ“ , Авлаќи во 23 минутното видео обраќање на интернет страницата „ џихад“ вели дека доколку некој сака да убие Американец не треба да консултира никого , затоа што, како што вели „за убиство на ѓаволот не е потребен верски указ“. Тој во својот говор го обвини Иран, осврнувајќи се на шиитскиот ислам, дека се обидува да шири девијантна идеологија во Јемен.
XS
SM
MD
LG