Достапни линкови

Груевски очекува реален извештај


Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија реално да го рефлектира сработеното и да се потврди ланската препорака за старт на преговорите за членство во ЕУ.Тој додаде дека е реално да се очекува во извештајот да се констатира напредокот и некои забелешки доколку ги има.Груевски додаде дека се ангажирани и надворешни екперти со кои се работи за реализација на некои одредени идеи за подобрување на јавната администрација и оти наскоро ќе се направат законски измени со кои реформите и модернизацијата на јавната админстрација ќе се фокусира во Министерство за информатичко општество.
XS
SM
MD
LG