Достапни линкови

СДСМ ќе бара интерпелација за Канческа-Милевска


СДСМ ќе поднесе интерпелација за разрешување на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, бидејќи по аферата „патриотската метла“ министерката нема воопшто кредибилитет за остане на функцијата. Игор Ивановски од СДСМ вели дека министерката треба сама да си поднесе оставка или да биде разрешена од премиерот, но како што вели, не веруваат дека ќе се случи тоа, па затоа поднесуваат интерпелација.Во писмената реакција на Министерството за култура се вели дека овој случај е затворен а со пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски ќе се видиме на суд.
XS
SM
MD
LG