Достапни линкови

logo-print

БиХ и Албанија добија визна либерализација


Европската Унија донесе одлука за визна либерализација за БиХ и Албанија. Одлуката ќе стартува од 15-ти декември. Европската комисија даде писмени гаранции дека ќе ја следи миграцијата од сите земји од Западен Балкан, откако е утврдено дека од донесувањето на визната либерализација за Србија и Македонија зголемен е бројот на имигранти кои бараат азил во земјите од Европската унија. Во сила остануваат двата контролни механизми, односно мониторинг со кој ќе се врши проверка дали се постигнати договорените стандарди и дали се почитуваат со фокус на прашањето за азил.
XS
SM
MD
LG