Достапни линкови

Нови жртви на вулканот Мерапи


Спасувачите во Индонезија пронашле уште 6 жртви од ерупцијата на вулканот Мерапи. Потрагата по нови жртви денеска повторно е прекината поради ризикот од нова ерупција на вулканот. Во последниве две недели, 140 луѓе загинале а над 250 илјади се евакуирани поради активноста на вулканот. Меѓународните летови, до и од Индонезија денеска повторно се активирани, откако викендов над 40 беа откажани поради пепелта што ја исфрли активираниот вулкан Мерапи.
XS
SM
MD
LG