Достапни линкови

ОБСЕ:Изборите во Азербејџан се нерегуларни


Меѓународните набљудувачи денеска соопштија дека парламентарните избори поминале со многу недостатоци и дека Азербејџан не успеа да постигне демократски прогрес. Набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа и од Советот на Европа соопштија дека главните недостатоци се ограничена медиумска слобода и нелегално полнење на гласачките кутии. Азербејџанската изборна комисија соопшти дека Новата Азербејџанска Партија на претседателот Илхам Алиев освоила 70 од 125-те места во Парламентот.Опозицијата смета дека изборите се фалсификат.
XS
SM
MD
LG