Достапни линкови

САД - Индија, партнерство за 21 век


Обама и Синг во Њу Делхи

Обама и Синг во Њу Делхи

Американскиот Претседател Барак Обама денеска во рамките на азиската турнеа ја продолжи посетата на Индија со која, како што рече, се гради клучно партнерство во 21 век. Главни теми се економската соработка и споровите меѓу Индија и Пакистан.

Посетата на Обама на Индија, голема растечка азиска економија, имаше за цел и да се осигураат бизнис договорите и да се прошири соработката меѓу двете земји. Американско-индиското партнерство ќе биде едно од клучните во 21 век. Обама ова го изјави пред средбата со со индискиот премиер Манмохан Синг а по средбата на прес-конференцијата порача.

„Ние немаме обични односи. Како две најголеми демократии, големи и растечки економии, како различни и мултиетнички општества со силна традиција на толеранција и плурализам, ние немаме само можност, туку имаме одговорност да предводиме.“
Како две најголеми демократии и големи економии ние имаме не само можност туку и одговорност да предводиме.

Економската соработка се продлабочува, и клучно се реформира контролата врз извозот. Индискиот премиер Синг изјави дека е постигната согласност да се острани протекционимзот во трговијата.

Ние ја поздравуваме одлуката на САД да ја симне контролата врз извозот на висока технологија за Индија и да го подржи членството на Индија во мултилатералниот режим на контрола на извозот како што е Групата на нуклеарни снабдувачи. Тоа е манифестација на растечка доверба.

Обама со студентите во Мумбаи

САД не можат да наметнат решение за Кашмир и за други прашања меѓу Индија и Пакистан, изјави американскиот претседател Барак Обама на заедничката прес-конференција со индискиот премиер Манмохан Синг во Њу Делхи. Тој понуди САД да одиграат улога во намалување на тензиите меѓу двете земји.

Индија и Пакистан водеа три војни околу Кашмир откако во 1947 година добија независност од Велика Британија. И две земји се регионални нуклеарни сили што го прави проблемот сложен.

Обама по Индија, во рамките на 10 дневната азиска турнеја, заминува за Индонезија, Јужна Кореја и Јапонија.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG