Достапни линкови

Американско - индиското партнерство клучно во 21 век


Американско – индиското партнерство ќе биде едно од клучните во 21 век. Ова денеска во Њу Делхи го изјави Американскиот Претседател Барак Обама започнувајќи ги разговорите со индиското раководство. Индискиот Премиер Манмохан Синг се очекува да побара од САД да го притиснат Пакистан да дејствува силно против анти индиските милитанти.
Обама вчера ги повика Индија и Пакистан да го надминат конфликтот со дијалог, нагласувајќи дека регионалната нестабилност ја ослабува економската моќ на Индија. Обама исто така го критикуваше начинот на кој Пакистанците се борат против милитантите во близина на границата и оцени дека процесот не напредува онака како што се очекува. Обама денеска ќе има обраќање и во индискиот Парламент пред да замине за Индонезија, Јужна Кореа и Јапонија во рамките на 10 дневната азиска турнеа.
XS
SM
MD
LG