Достапни линкови

logo-print

Полскиот министер за надворешни работи во Македонија


Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски ќе престојува во еднодневна посета на Македонија. Во Скопје Сикорски заедно со неговиот македонски колега Антонио Милошоски ќе ја отвори конференцијата Македонија на пат кон ЕУ, на која полските искуства од процесот на приклучувањето во Унијата ќе им ги пренесе на претставници од МНР, полицијата и од граничните служби. Сикорски ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и од министерот за одбрана Зоран Коњановски. Полска треба да го преземе претседавањето со ЕУ во втората половина на 2011.
XS
SM
MD
LG