Достапни линкови

logo-print

ЕУ решава за безвизен режим за Албанија и БиХ


Советот на ЕУ денеска во Брисел ќе реши дали ќе ги укине визите за жителите на Албанија и БиХ, но ќе биде воведен двоен механизам на надзор на режимот без визи за овие две држави, исто како и земјите од западен Балкан чии граѓани веќе ги уживаат овие повластици. Воведувањето дополнителни контроли во спроведувањето на мерките и условите за визна либерализација за БИХ и за Албанија побараа Холандија и уште неколку членки на Унијата. Европската комисија затоа реши денеска да објави воведување Механизам за следење како визната либерализација се спроведува на дело во сите држави на регионот, вклучувајќи ги Србија, Црна Гора и Македонија, чии граѓани од декември минатата година може слободно да патуваат во ЕУ.
XS
SM
MD
LG