Достапни линкови

Папандреу нема да распише предвремени избори


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу синоќа исклучи распишување предвремени општи избори, наведувајки дека неговата влада ќе ја продолжи својата работа за да ја извлече земјата од тешката финансиска криза. Папандреу ова го кажа откако Министерството за внатрешни работи ја објави проекцијата дека неговите владејачки социјалисти ги освоиле локалните избори одржани вчера. Според првичната проекција, Пасок водеше во осум од 12- региони, но подоцна ова беше коригирано и беше објавено дека владејачката партија има предност во седум регионални центри. Вчерашните избори беа оценети во грчката јавност како тест на владините мерки за штедење, а Папандреу од избирачите побара да ја искажат поддршката на владината програма. Околу 9,8 милиони Грци со право на глас избираа 18 регионални гувернери и 325 градоначалници.
XS
SM
MD
LG