Достапни линкови

Продолжуваат разговорите за состав на нова влада во Ирак


Лидерите на ирачките главни партии денеска се сретнуваат за да ги продолжат разговорите околу составот на нова влада, откако владиниот портпарол Али Ал Дабах изјави дека конечно е постигнат договор меѓу политичките париии, осум месеци по парламентарните избори. Според договорот, Џалал Талабани ќе биде на чело на државата, Нури Ал Малики ќе биде премиер, а коалицијата Иракија ќе треба да избере претседател на собранието од своите редови. Поранешниот ирачки премиер Ијад Алави од сунитскиот блок го потврди овој договор, но рече дека продолжуваат разговорите за клучните позиции во владата.
XS
SM
MD
LG