Достапни линкови

Израел бара од САД воено да му се заканат на Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол на американскиот потпретседател Џо Бајден дека единствено кредибилна воена закана може да го сопре Иран од развивање нуклеарно оружје, јавуваат агенциите. Нетанјаху и Бајден се сретнале на маргините на американско- еврејската конференција во Њу Орлеанс. Подоцна американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс им изјави на новинарите дека тој нема да се согласи оти единствено кредибилна воена закана може да го одврати Иран од неговата нуклеарна програма. Западните земји веруваат дека Иран ја користи нуклеарната програма за производство на нуклеарно оружје, а Израел и САД соопштија дека се разгледуваат сите опции за прекинување на иранските нуклеарни амбиции.
XS
SM
MD
LG