Достапни линкови

Путин „сврти кругче“ со болид од Формула 1


Рускиот премиер Владимир Путин денеска повози болид на Формула 1, на празен автопат во близина на Санк Петерсбург, со кој достигна брзина од 240 километри на час. Неговото пробно возење има за цел да се популаризира тој спорт во Русија, затоа што Путин пред еден месец потпиша договор со кој Русија во 2014-та ќе се вклучи во Формула 1. По пробното возење, Путин се насмеа и рече „за прв пат, добро е“.
XS
SM
MD
LG