Достапни линкови

Вооружен инцидент со дрвокрадци во Охридско


При вооружен инцидент се повредени 5 припадници на шумската полиција и еден припадник на МВР.Инцидентоте се случил доцна синоќа во шумата над охридското село Велгошти. Дрвокрадци ја нападнале патролата на шумската полиција од Охрид, која сакала да направи контрола на нивното возилото, јавуваат македонските медиуми. Инцидентот го потврдиле и од МВР, а во нивното соопштение било наведено дека еден од напаѓачите вперил репетиран пиштол кон еден од припадниците на шумската полиција но не испукал куршум. Набрзо во инцидентот се вклучиле и други лица кои почнале да фралат со камења по шумската полиција и полициската патрола кој дошла на помош. Сите 5 шумски полицајци се повредени и имаат набиеници по градите и нозете а еден од нив има имал повреда на рбетниот столб.
XS
SM
MD
LG