Достапни линкови

Фини бара оставка од Берлускони


Претседателот на Долниот Дом во италијанскиот Парламент, Џанфранко Фини денеска побара од премиерот Силвио Берлускони да си поднесе оставка и да ја извести јавноста за кризата во Владата. Доколку не го стори тоа министрите приврзаници на партијата „Иднина и слобода за Италија“ ќе ја напуштат владата. Ова Фини го соопшти пред 10 илјади приврзаници на партијата. Фини е ко-основач на партијата на Берлускони, но откако летово го раскинаа партнерството, тој си формира нова партија во која му се приклучија и 40-тина пратеници со што сега има мнозинство во Долниот Дом.
XS
SM
MD
LG