Достапни линкови

СДСМ останува на ставот , а Груевски го оценува како лажно обвинување


По соопштението на министертвото за култура следува писмена реакција на СДСМ во која се вели дека уште еднаш се истакнува оти партијата аргументирано докажала дека во Министерството за култура е исчезната тендерска документација за 14 тендери кои се однесуваат на 4 проекти. За 11 тендери недостасуваат понудите, а за три тендери фалат конкурсните трудови. И едните и другите се клучни документи и за избор и вредност на тендерот или пак за поништување на тендерите, пишува во соопштението на СДСМ. Исчезнувањето, како што се вели во писмената реакција , го потврди и самата министерка, а тоа е констатирано и во документ на Министерството за култура.
Премиерот Никола Груевски денеска по посетата на Градско на прашањето дали ќе бара одговорност од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска за исчезнати документи во Министерството, изјави дека министерката кажала се што има на прес-конференциите. Тој афера ја оцени како уште еден неуспешен обид на политичкиот противник да наметне лажна провокација, односно обвинување.
XS
SM
MD
LG