Достапни линкови

Киргистанци окупирале узбекистанска земја


Група етнички Киргистанци денеска окупира територија на етничките Узбекистанци во две села во близина на Ош, град во јужниот дел на Киргистан. Околу 500 Киргистанци се појавиле во селата со планови за за поделба на земјата во парцели. Локалните власти ги предупредија окупаторите дека треба ја напуштат областа до понеделник, ако не го сторат тоа, тогаш ќе се соочат со последиците. Насилството што избувна меѓу Киргистанците и Узбекистанците летово зад себе остави 400 мртви луѓе, голема штета и тензија во регионот.
XS
SM
MD
LG