Достапни линкови

Груевски: Аферата „Надеж“ ја покажува безнадежноста на СДСМ


Македонскиот премиер Никола Груевски денеска изјави дека аферата „Надеж“ ја покажува безнадежноста на тимот на СДСМ.
Тој додаде дека со државни пари учеле како да го дисквалификуваат политичкиот противник, односно ВМРО ДПМНЕ и него лично. Груевски вели дека платиле за да научат како да го нарекуваат фашист, Хитлер, како да го оцрнат што е можно повеќе и да злоупотребат невладини организации.СДСМ за оваа изјава испрати соопштение во кое се вели дека за наводниот случај „Надеж“, кој се обидуваат да го исконструираат, сите документи се е законски и се е чисти како солза, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните секој ден користат еден ист шаблон за манипулација на јавноста.
XS
SM
MD
LG