Достапни линкови

logo-print

Обама и Давитоглу го повикуваат Ирак да формира Влада


Американскиот претседател Барак Обама кој е во посета на Индија, изјави денеска дека нестрпливо очекува Ирак да стави крај на политичкиот ќорсокак во кој се наоѓа. Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давитоглу на денешната посета на Ирак, ги повика новоизбраните политичари конечно да формираат влада. Давитоглу вели дека планира да разговара со ирачките политичари во обид да стави крај на политичките пресметки. Ирак одржа парламентарни избори во март годинава но до сега не е формирана нова Влада.
XS
SM
MD
LG