Достапни линкови

Милан Кучан ќе биде специјален известувач на Словенија за БиХ


Првиот претседател на Словенија, Милан Кучан е именуван за специјален известител на Словенија за Босна и Херцеговина, јавуваат словенечките медиуми.Неговата задача ќе биде да ги следи уставните промени во таа држава и да ги известува лидерите на државите-членки на ЕУ. Именувањето беше потврдено синоќа од премиерот на Словенија Борут Пахор.Словенечка телевизија објави дека функцијата специјален известител за БиХ, на Љубљана и ја препорачала Унијата, но тој нема да биде официјален претставник на Европската Комисија .
XS
SM
MD
LG