Достапни линкови

Протести во Јужна Кореа поради самитот на Г20


Илјадници луѓе излегоа на протести во Јужна Кореа против Самиотот на Г-20, што треба да се одржи во текот на наредната недела. Активистите носеле транспаренти на кои пишувало дека „никогаш нема да дозволат 20 најелитни земји да одлучуваат за иднината на целиот свет.“ Речиси 9 илјади полицајци го обезбедувале протестот. Јужна Кореа ќе биде домаќин на самитот кој треба да се одржи на 11 и 12 ноември.
XS
SM
MD
LG