Достапни линкови

logo-print

Изборите во Авганистан се нелегални?


Голем дел од избраните пратеници и кандидати за пратеници во Авганистан, побараа изборите што се одржаа на 18 септември да бидат поништени. Се уште не се објавени официјалните резултати од изборите, кои се смета дека се фалсификат. Новинската агенција Ројтерс јавува дека дел од пратениците и кандидатите за пратеници ги прогласија изборите за нелегални.
Независната изборна комисија веќе отфрли една четвртина од гласачките ливчиња. Комисијата е под истрага за корупција. Демонстранти денеска маршираа покрај палатата на претседателот Хамид Карзаи и пред седиштето на Обединетите Нации во Авганистан,поради проблемите околу изборите, јавува Ројтерс.
XS
SM
MD
LG