Достапни линкови

logo-print

Стартуваа изборите во Грција


Во Грција денеска стартуваа локалните избори. Право на глас имаат 9,8 милиони луѓе. Овие избори ќе претставуваат своевиден тест за владата на Јоргос Папандреу за тоа колкава е поддршката од граѓаните за антикризни мерки што ги спроведува владата за намалување на буџетскиот дефицит. Спроведувањето на овие мерки е услов што Грција мора да го исполни ако сака да добие заеми од ЕУ и ММФ во вредност од 110 милијарди евра. Грчкиот премиер Папандреу вчера рече дека доколку граѓаните не ја поддржат ПАСОК на овие локални избори , тогаш тој ќе распише предвремени парламентарни избори. Според излезните анкети, се очекува ПАСОК да добие мнозинство од гласовите, но можно е да претрпи и мали порази во некои региони.
XS
SM
MD
LG