Достапни линкови

logo-print

САД ќе и помага на Јемен да се справи со Ал Каеда


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска изјави дека американската војска размислува како да се зајакнат безбедносни сили во Јемен, поради загриженоста дека упориштето на Ал Каеда е во земјата. Гејтс не соопшти за каков вид на поддршка станува збор, но истакна дека „примарниот фокус ќе биде обука“. Ал Каеда презема одговорност за „ поштенските бомби“ кои од Јемен беа испратени до синагоги во Чикаго. По овој настана, Јемен се најде под притисок од Вашингтон свет да преземе мерки против милитантите и приврзаниците на Ал Каеда во земјата. Во меѓувреме весникот „ Вашингтон Пост“ објави дека САД распоредил беспилотни „Предатор“ летала да ги ловат оперативците на АЛ Каеда.
XS
SM
MD
LG