Достапни линкови

САД и Австралија ќе ја зајакнуваат воената соработка


Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс изјави дека американската војска планира да го зајакне своето присуство во Азија и се обидува да ги зајакне врските со австралиските безбедносни сили.Тој додаде дека воената соработка со Австралија ќе помогне да се зајакне улогата на американската армија во склоп на Азиско –пацифичкиот регион. Гејтс истакна дека на американско-австралискиот состанок во Мелбурн, двете влади ќе разговараат за продлабочувањето на воените односи вклучувајќи виртуелна безбедност и ракетна одбрана. Гејтс изјави дека американската војска не планира да отвори нови воени бази во Австралија ниту на други места во регионот.
XS
SM
MD
LG