Достапни линкови

СДСМ објави документ за исчезнатите тендери од „Скопје 2014“


СДСМ обелодени документ со кој, како што велат, се потврдува дека е изчезнат дел од документацијата за проектот Скопје 2014-та. Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска и натаму останува на тврдењето дека не фали документација и дека со Иван Ивановски од СДСМ ќе се видат на суд поради обвинувања.
Милевска вели дека документите кои недостасуваат се списи без финансиски импликации.
Социјалдемократите денеска соопштија дека раководителот на секторот за јавни набавки, Бранко Костовски лично констатирал дека недостигаат документи за 14 тендери од 4 проекти.
Милеска вели дека ќе биде казнет службеникот кој го доставил дописот до СДСМ.
XS
SM
MD
LG