Достапни линкови

Мезире: Можни терористички напади во САД и ЕУ


Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезире во интервју за германскиот весник „Билд“ изјави дека постојат сериозни индикации за можни тероростички напади во САД и Европа. Тој додаде дека една од причините за загриженост е неодамнешното откритие на пакет бомби испратени од Јемен. Мезире апелира до граѓаните да бидат многу внимателни, затоа што заканите треба сериозно да се сфатат иако властите немаат конкретни траги за планирање на терористички напад.
XS
SM
MD
LG