Достапни линкови

Руски новинар е во кома откако го „скршиле од ќотек“


Рускиот новинар, Олег Кашин е во кома откако двајца мажи вчера му ги скршиле двете нозе, вилицата и неколку прсти. Неговиот уредник во весникот „Комерсант“, Михаил Михаилин, изјави дека се сомнева оти нападот го извршиле лица кои се поврзни со неговите текстови за забренетите опозициски групи. Организации за заштита на човекови права го критикуваат Кремљ за тоа што речиси ништо не презема за решавање на низа убиства на новинари во Русија. Кратко време по инцидентот претседателот Дмитри Медведев наредил веднаш да почне полицискиа истрага и и на својот Твитер профил напишал дека „криминалците треба да бидат пронајдени и казнети“.
XS
SM
MD
LG