Достапни линкови

logo-print

Македонска верзија на филмот „Терминал“ во Брисел


Двајца сопружници, македонски државјани веќе три дена се наоѓаат на транзитната зона на бриселскиот аеродром, бидејќи белгиските власти не им дозволуваат да влезат во земјата затоа што имаат 52 евра помалку од дозволената сума, јавуваат новинските агенции. Според белгиските медиуми проблем било и тоа што брачниот пар немал повратен билет, кој ќе покаже дека парот има намера да се врати во својата земја. Брачниот пар Илјази, планирале да го посетат својот син кој подолго време живее во Брисел.
XS
SM
MD
LG