Достапни линкови

Франција ќе ги лекува ранетите од заложничката драма во Багдад


Париз соопшти дека над 30 ирачки христијани кои беа ранети при заложничка криза предизвикана од Ал Каеда во црква во Багдад, ќе заминаат во Франција на лечење. Францускиот мининистер за надворешни работи, Бернарад Кушнер кој е на дводневна посета на Либан, изјави дека очекува до понеделник да ги пренесат ранетите во Франција. Најмалку 46 заложници, вклучувајќи двајца свештеници беа убиени пред неколку дена во обид на ирачките безбедносни сили да стават крај на заложничката драма.
XS
SM
MD
LG